(ФОТО) МАКЕДОНЦИТЕ БЕГААТ ОД НАЈАВЕНИОТ ДОЖД Уште во раните утрински часови забележан метеж на „Богородица“ и на „Табановце“

Според АМСМ на двата премини се чека по половина час, а оттаму велат дека интензитетот може да се зголеми во попладневните часови или во раните утрински во сабота.

2,071

Пред продолжениот првомајски викенд Македонците уште од раните утрински часови чекаат по половина час за да ги преминат граничните премини „Табановце“ со Србија и „Богородица“ со Грција.

Според АМСМ на двата премини се чека по половина час, а оттаму велат дека интензитетот може да се зголеми во попладневните часови или во раните утрински во сабота.






За разлика од овие две граници, на останатите премини нема подолги задржувања.

Најбројни на граничните премини се автомобили македонски и српски регистрации.

Метеж на граница, но и кавги, имаше и претходните два продолжени викенди кога во земјава се празнуваа Велигден и Рамазан Бајрам.

Поврзани содржини