„ФОРД“ РАЗВИВА БАТЕРИСКИ СИСТЕМ ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА СТРУЈА ОД 20 ГИГВАТИ Првите испораки ќе се реализираат во 2028 година

Акциите на „Форд“ минатата недела пораснаа за 20% за само два дена, по зголемениот пазарен интерес за влезот на американската компанија во секторот за складирање на енергија.

1

Подружницата на американскиот производител на автомобили „Форд Мотор“, наречена „Форд Енерџи“, денес објави дека постигнала договор со компанијата „ЕДФ Пауер Солушнс Норт Америка“ за развој на систем за складирање на енергија во батерии со капацитет до 20 гигават-часови.

Како што е наведено во соопштението на компанијата, испораките според договорот треба да започнат во 2028 година.






– Ќе обезбедиме предвидлив квалитет и долгорочна оперативна безбедност што ја бараат операторите на електричната мрежа и големите инвеститори- изјави pретседателката на „Форд Енерџи“, Лиза Дрејк.

Швајцарската банка UBS процени дека инвеститорите би можеле позитивно да реагираат на оваа вест, со оглед на растечкиот интерес за бизнисот на „Форд“ во областа на складирање на енергија.

Акциите на „Форд“ минатата недела пораснаа за 20% за само два дена, по зголемениот пазарен интерес за влезот на американската компанија во секторот за складирање на енергија.

Поврзани содржини