На 22 мај в година во Ротердам ќе се одржи финалето на натпреварот за песна на Евровизија – објави холандската телевизија.
65-то издание на Евровизија требаше да се одржи во Ротердам во мај оваа година, но беше откажано поради пандемијата на ковид-19.
Двете полуфиналиња ќе се одржат исто во Ротердам на 18 и 20 мај 2021 година.
Холандија ќе биде домаќин на натпреварот за најдобра европска песна, откако Данкан Лоренс победи на Евровизија во минатата година со песната Аркада.
Најмалку 17 земји в година планираат да ги испратат истите пеачи во Ротердам, коишто требаше да учествуваат на откажаниот натпревар за песна на Евровизија.
Но правилата на натпреварот велат дека пејачите ќе мора да изведат нова песна.