Се подготвуваат две одделенија во болницата „8 Септември“, поради секојдневниот раст на новозаболени, предложено е проширување на капацитетите и на болницата во Козле, како и отворање на нова лабораторија за тестирање на материјали. Ќе има дополнителни 350 тестови дневно, а до петок се очекува да пристигнат и 60 респиратори, помош од НАТО, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
– Направивме план за обезбедување дополнителни болнички капацитети, прво болницта во Козле, каде има 40 кревети, каде има кадар засилен со колеги од Инфективната клиника – рече Филипче.
Тој додаде дека се мобилизираат сите лекари за да помогнат во борбата со коронавирусот. Според Филипче,се соочуваме со силен бран на вирусот.
–Ја очекувавме оваа ситуација, слична е состојбата во сите европски земји. Мора луѓето да покажат свесност. Доколку доследно се почитуваат мерките ќе има резултати. Обезбедени се дополнителни тестови на дневно ниво и тоа 350. Најавената помош од НАТО од 60 респиратори ќе пристигнат во петок и ќе бидат распределени по болниците. Утре во Собранието на дневен ред е законот за заштита на населението од заразни болест. Верувам дека пратениците ќе го изгласаат оти тој пакет на мерки заедно со постоечките се мерките кои се користат и во други европски земји и можат значајно да го редуцираат вирусот. Другр мерки сметам дека не теба да се имплементираат – рече Филипче.