Филипче: На сметката на Министерството за здравство пристигнаа донации од 500.000 евра од домашни компании

На сметката на Министерството за здравство, како што кажа, има донации од 500.000 евра од домашни компании, а има и донации на медицински апарати и големи количини на заштитна опрема од околу еден милион парчиња, како и донирани  возила кои им се доделуваат на центрите за јавно здравје, рече Филипче.

2,336

Се наоѓаме во критичниот момент со очекуван раст на бројот на дијагностицирани заболени од Ковид-19 и имајќи предвид дека одиме кон пикот во следните неколку недели влегуваме во нова фаза на менаџирање на целокупниот процес. Доколку ситуацијата отиде во полоша состојба ќе предложиме и други мерки што ќе значат зголемување на рестриктивноста, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешниот онлајн-брифинг со новинарите.

Тој додаде дека досега имало многу разговори дали да се примени некој друг начин на справување со пандемијата, но заклучиле дека е подобро да се продолжи со сегашниот начин со додавање на некои допонителни мерки меѓу кои и апликација што ќе им помогне на инфектолозите полесно да ги следат контактите што ги имале заразените.






Филипче најави дека од денеска и болницата „8 Септември“ е подготвена  за дијагностицирање и лечење на заболени од Ковид-19 и дека на располагање ќе бидат нови 400 болнички кревети, што ги нуди болницата. Каде ќе бидат сместени заболените ќе се одлучува во координација со директорката на Клиниката за инфектологија.

Како нов регионален центар за справување со пандемијата ја посочи болницата во Битола каде, како што кажа, во моментво има 35 кревети на располагање кои можат да се зголемат до 100.

– Во преговори сме и со лабораторијата на МАНУ за дијагностицирање на заболени од Ковид-19 и за користење на нивната апаратура. Верувам дека и тие ќе бидат вклучени наскоро – рече Филипче.

Тој најави дека сите јавни здравствени установи во земјава имаат доволно заштитна опрема. Имаме сосема солидни резерви, а во текот на неделава ќе ги дополниме. Имаме, посочи министерот, заштитна опрема што секаде се користи, а за жал секаде во светот има заразени доктори, некаде и починати.

Прецизира дека неделава ќе се врши набавка на респиратори, а главниот критериум ќе биде брзината на испорака. На сметката на Министерството за здравство, како што кажа, има донации од 500.000 евра од домашни компании, а има и донации на медицински апарати и големи количини на заштитна опрема од околу еден милион парчиња, како и донирани  возила кои им се доделуваат на центрите за јавно здравје.

Поврзани содржини