ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ ТРЕТА ДОЗА Еве за кого се препорачува

Со трета доза ќе се вакцинираат пациенти кои се трансплантирани, кои се на хронична дијализа и некои други категории пациенти имунодефицитарни согласно дијагнозата.

2,730

Ќе се препорача трета доза вакцина кај луѓе кои се имунокомпромитирани според препораката од здравствените институции во САД, која стаса денеска, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

– Со трета доза ќе се вакцинираат пациенти кои се трансплантирани, кои се на хронична дијализа и некои други категории пациенти имунодефицитарни согласно дијагнозата. Денеска дојде препораката, ќе се официјализара деновиве и во текот на неделава ќе стапи во процес – рече Филипче.






Според него, добро се одвива вакцинацијата по најавените мерки. Минатата недела се дадени околу 50.000 дози вакцини.

Досега се вакцинирани 4.000 деца, најмногу се на возраст од 16 до 18 години.

– Мора да кажам дека сум разочаран, не слушнавме никаква порака во однос на вакцините. Тоа беше протест полн со навреди и закани кон здравствените работници кои деноноќно се борат за пациентите и ги ризикуваат своите животи и животите на своите најблиски. Ќе барам Лекарска комора да излезе со став и оусда за тоа што вчера се случи – рече Филипче на барање на новинарите да го коментира вчерашниот протест против вакцинацијата.

Тој додаде дека од милион аплицирани дози во земјава немало посериозна компликација ниту смрт.

Филипче најави задолжителен 14-дневен карантин за граѓание кои ќе се вратат од Авганистан и ним ќе им се препорача вакцинација. Но, додаде дека не станува збор за голема бројка на луѓе.

Поврзани содржини