ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ ТРЕТА ДОЗА Еве кои граѓани ќе треба да ја примат и од која вакцина
Засега тоа ќе биде со вакцината „Фајзер“, истакна министерот Филипче, додавајќи дека треба да се поминати шест месеци од втората доза.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека Комисијата за имунизација донела препорака да се врши вакцинација и со трета доза, за одредени групи на граѓани.
– Се препорачува трета доза на вакцина кај сите граѓани над 60 години, кај сите здравствени работници, без разлика на возраста, и кај сите граѓани кои имаат имуно компромитирана состојба. Засега тоа ќе биде со вакцината „Фајзер“ – истакна министерот Филипче, додавајќи дека треба да се поминати шест месеци од втората доза.
Исто така, министерот најави дека се очекува Данска да ја објави донацијата од 250.000 дози од производителот „Џонсон“ со рок на траење до 2023 година, па со нив ќе се планира вакцинацијата за следната година.