Многу е тешко сега да се каже од кои кластери се новите заболени во Скопје имајќи предвид дека има навистина голем број заболени, рече министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање.
– Сега можно е некој да се заразил кога бил во близина на некој што бил во период на инкубација. Затоа презедовме ригорозни мерки на ниво на целата држава – додаде Филипче.
На прашањето со која терапија се лекуваат пациентите што се на домашно лекување, министерот рече:
– Тоа е терапија која ја препишуваат матичните лекари во консултација и според препораките и протоколите на инфектолозите од Клиниката за инфективни болести. Целосната контрола, терапијата, евентуалното укажување на промена на состојбата ги контролира матичниот лекар.