ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ САКААТ ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА, А ПУЛЕНИТЕ РАЗГОРУВААТ ТЕНЗИИ Обвинителството да постапи за заканите од Костадинов кон Латас, бара ВМРО-ДПМНЕ
Очекуваме Јавното обвинителство да постапи и да отвори постапка против Костадинов, а Филипче јасно да каже што точно застапува и која му е целта. Народот пред избори треба да знае кој е всушност Венко Филипче, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Зад заканите по животот на новинарот Драган Павловиќ Латас упатени од струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов стојат Венко Филипче и Зоран Заев, затоа и нема осуда и оградување од СДСМ, рече денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
– Имено, не сме изненадени што Венко Филипче молчи. Тоа што Костадинов зема сила и се заканува со убиство на новинар е и директно мотивирано од Венко Филипче, кој шири атмосфера на паника и хаос, а со цел дестабилизација. Венко Филипче и СДСМ стојат зад заканите на Костадинов, а тоа што досега не се оградија, ниту го осудија, говори дека со таквиот однос сакаат да мотивираат и други да го направат истото – рече Петрушевски.
Венко Филипче нема друг начин како да привлече внимание, додаде тој, па ги пушта своите пулени како Костадинов да разгоруваат тензии.
– Очекуваме Јавното обвинителство да постапи и да отвори постапка против Костадинов. Истовремено, очекуваме од Филипче јасно да каже што точно застапува и која му е целта. Народот пред избори треба да знае кој е всушност Венко Филипче – порача пратеникот Бране Петрушевски.