Филипче: И во Скопје почна локално ширење на вирусот, во план се и посебни пунктови

Ова е благ почеток, кога пациентите се во рана фаза или се асимптоматски, што дава можност за домашно лекување и ни дава надеж дека нема нешто драматично да се случи. Инфективната клиника сега не ениту 25 отсто исполнета, а има 120 легла. Но веќе се прави план за определување посебни пунктови за тестирање со Здравствениот дом Скопје, за евентуален опфат на поголем број граѓани, доколку има потреба, бидејќи имаме и локална трансмисија во Скопје - додаде Филипче.

12,686

Пациентите заболени од коронавирусот се во пораст, има нови шест случаи, па со тестирање ќе бидат опфатени поголем број на граѓани и во Скопје, бидејќи, еве гледаме, дека има и локална трансмисија на вирусот во главниот град.  Здравствениот  систем е добро менаџиран е исклучително е добро што се откриваат болни во рана фаза, бидејќи кога се во доцна фаза можат да го колабираат здравствениот систем, што и се случи во многу земји –  изјави министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес-конференција.

Тој очекува дека блага ќе биде кривата на пораст на бројот на заболени.






– Ова е благ почеток, кога пациентите се во рана фаза или се асимптоматски, што дава можност за домашно лекување и ни дава надеж дека нема нешто драматично да се случи. Инфективната клиника сега не ениту 25 отсто исполнета, а има 120 легла. Но веќе се прави план за определување посебни пунктови за тестирање со Здравствениот дом Скопје, тоа ќе стартува веќе на почетокот на следната недела според препораки на епидемиолозите, во смисла на опфаќање на поголем број од граѓани бидејќи имаме и локална трансмисија во Скопје – додаде Филипче, а повеќе детали за ова ќе има во следните два дена.

Во Дебар, каде состојбата е засега најалармантна, утре се упатуваат уште еден пулмолог и еден педијатар, а денеска е направена и домашна визита на сите кои се на домашно лекување.

– Даден им е алгоритам по којшто треба да се однесуваат, исто како и за самоизолација, така и за текот на лекувањето, а воспоставена е директна комуникација со докторите на Инфективната клиника – појасни Филипче.

Денеска на седница на Кризниот штаб е решено во Дебар да се испрати плус потрошен материјал и заштитни одела, а се понудиле и компании кои сакаат маски да изработат.

Ќе има и втор пристап до Инфективната клиника и уште една линија за влез на Ургентниот центар

Поврзани содржини