ФИЛИПЧЕ ГЛАСАЛ ЗА ПРИФАТЕН ЦЕНТАР ЗА МИГРАНТИ ВО 2018 ГОДИНА Според Лефков, врв на лицемерие е сега да го лаже народот за мигранти

Пратеникот Лефков од ВМРО-ДПМНЕ вели дека Венко Филипче и СДСМ имале партиска и државна политика за населување мигранти и покажа документ, за којшто рече дека го докажува тоа.

0

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, како министер во Владата на Зоран Заев, во 2018 година активно работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци, односно учествувал во носењето План за проект за изградба на прифатен центар за мигранти во Бардовци – рече денеска на прес конференција Миле Лефков, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Имено, во „Службен весник на Република Македонија”, на ден 26.01.2018 година, број 16, страна 189, точка 1.6, стои, цитирам: Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при МВР на КП бр. 35, запишана во Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.”






Ова е поминато на Влада и за тоа Венко Филипче гласал со две раце. Овие мигранти кои тогаш Филипче сакал да ги прими, се истите тие мигранти кои сега прават проблеми во Европа. Да не беше притисокот од ВМРО-ДПМНЕ тогаш, денес ќе имаше мигранти во Македонија.

Венко Филипче и СДСМ имале партиска и државна политика за населување мигранти. И овој документ којшто само што го покажавме, е доказ за тоа. Сè додека Филипче е во опозиција, во Македонија мигранти нема да има“ – рече Лефков, покажувајќи извадоци од Службен весник.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека на оваа тема се гледа „лицемерието, грдото лице на Филипче и неговото манипулаторство и расипаност во политиката, наложено од неговиот ментор Зоран Заев“.

– И декларацијата и темата за мигрантски кампови се обиди само за спас на криминалите на Заев и Филипче. Тој е единствениот политичар во Македонија кој СДСМ го спушти на 130 илјади гласови, ја направи петта по големина партија во град Скопје, организира протест на измислена тема и нуди декларација за тема што не постои. Бараме да се извини за тоа што ја лажеше јавноста и граѓаните. Сите нивни лаги се распрснаа како меур од сапуница – рече Лефков.

Поврзани содржини