ФИЦО ЌЕ СТАВИ ВЕТО НА СЛЕДНИТЕ ЕУ-МЕРКИ ПРОТИВ РУСИЈА Словачка нема да даде поддршка ако не добие решение за енергетската криза

Словачка, иако е членка на ЕУ и НАТО, и натаму е силно зависна од руските енергенси. Намаленото снабдување со гас преку Украина предизвика тензии со Киев и ја засили загриженоста во Братислава околу безбедноста на идното енергетско снабдување.

131

Словачка може да стави вето на следниот пакет санкции на ЕУ против Русија доколку Европската комисија не понуди решение за енергетската криза со која се соочува земјата, предупреди премиерот на Словачка, Роберт Фицо, пренесува ДПА.

„Република Словачка нема да го поддржи предложениот 18-ти пакет санкции против Руската Федерација доколку не добиеме реално решение за ситуацијата што ќе настане по целосниот прекин на снабдувањето со гас, нафта и со нуклеарно гориво од Русија“, напиша Фицо на Фејсбук.






Словачка, членка на ЕУ и НАТО, силно зависи од руската енергија. Намалувањето на дотурот на гас преку Украина доведе до тензии со Киев и го зголеми стравот во Братислава за идната сигурност на снабдување.

Минатата недела, словачкиот парламент со мала разлика изгласа необврзувачка резолуција со која бара од Владата да се спротивстави на санкции што штетат на националната економија.

Фицо, кој е левичарски националист, честопати ги критикуваше санкциите, тврдејќи дека ѝ штетат повеќе на Словачка отколку на Русија. Сепак, за разлика од унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фицо и неговата влада досега ги поддржаа сите санкции.

Словачка, заедно со Унгарија и привремено со Чешка, доби изземање од забраната за увоз на руска нафта, за да развие алтернативни канали за снабдување.

Поврзани содржини