ФФМ заработи парична казна од УЕФА за кршење на ковид-протоколите
Детални информации не се откриени на јавноста, само во текстот е наведено дека имало „лошо однесување и кршење на кодексот“.
Фудбалската федерација на Македонија ќе мора да плати казна од 10.000 евра поради прекршување на ковид-протоколите на репрезентацијата на Европското првенство.
Детални информации не се откриени на јавноста, само во текстот е наведено дека имало „лошо однесување и кршење на кодексот“.
Процесот кој го разгледуваше УЕФА не се водеше против некој фудбалер, туку се работи за прекршок на националниот тим. Одлуката гласи дека ФФМ ќе мора да плати санкција и има 90 дена за да го направи тоа, почнувајќи од 10 јули.
Македонската репрезентација настапуваше во Букурешт и Амстердам во рамки од групната фаза. На дебитантскиот настап на едно големо натпреварување запиша три порази на исто толку натпревари.