ФАТИЛЕ РАКЕТА СО КУКА ОД ХЕЛИКОПТЕР Видео ги покажува амбициите на компанијата „Рокет Лаб“
Тие ја откачија ракетата од куката откако првично ја фатија бидејќи не беа задоволни од начинот на кој таа леташе, но ништо страшно, таа безбедно падна во океанот и сега ја товарат на брод.
Вселенската компанија „Рокет Лаб“ со седиште во Нов Зеланд вчера направи неверојатен трик. Компанијата успеа со хеликоптер на кука да ја фати ракетата „Електрон“ која паѓаше со падобран во небото, а која претходно ја имаше лансирано во вселената. На видеото од подвигот се гледа како двајцата пилоти полека се приближуваат до портокалово-белиот падобран, додека ракетата долга 55 метри неподвижно лебди под него.
This is what it looked like from the front seats. pic.twitter.com/AwZfuWjwQD
— Peter Beck (@Peter_J_Beck) May 3, 2022
Да, ракетата ќе може да биде повторно употребена бидејќи сите делови се живи и здрави. Но, не одеше сѐ според планот. Неколку моменти откако хеликоптерот го фатил засилувачот на 6.500 стапки над океанот, пилотите забележале „различни карактеристики на оптоварување“ и решиле да ја пуштат ракетата.
Ракетата, на повеќе делови, сепак, подоцна беше извлечена од океанот. Товарот што ракетата го носеше во вселената, околу 34 сателити, успешно стигна во орбитата.
„Неверојатен улов од тимот за опоравување, не можам да почнам да објаснувам колку бил тежок самиот улов и дека пилотите го добиле“, напиша директорот на компанијата, Питер Бек, на Твитер.
„Тие ја откачија ракетата од куката откако првично ја фатија бидејќи не беа задоволни од начинот на кој таа леташе, но ништо страшно, таа безбедно падна во океанот и сега ја товарат на брод“.
Тимот се надева дека ќе ги собере сите податоци и ќе се обиде повторно да фати ракета во воздух.