„Fashion group“ со 8 нови брендови во „Ист гејт мол“
Како новитети во „Ист гејт мол“ ги најавуваат и брендовите „Dan John“ и „Kiko Milano“, како лидери во својата област и сосема нова свежина на пазарот.
Mодниот лидер во нашиот регион „Fashion group“ доаѓа во „Ист гејт мол“ со сите свои трговски марки и отвора осум нови проекти на реномирани интернационални брендови, но и веќе постоечките, со подобрени и унапредени продавници: Timberland, Parfois, Okaidi, Springfield, Fashion&Friends, како и три сосема нови трговски марки на македонскиот пазар. Сите осум проекти се простираат на вкупна површина од 2.000 м2, и во новиот трговски центар ќе бидат уредени според најновите идејни концептни проекти за внатрешно уредување.
Брендот „Mango“ ќе се простира на 580 м2 ќе биде уреден според последните стандарди и ќе се претстави со целата своја колекција, каде покрај женската линија, за прв пат во „Ист гејт мол“ се најавуваат и други колекции од брендот.
Од компанијата како новитети во „Ист гејт мол“ ги најавуваат и брендовите „Dan John“ и „Kiko Milano“, како лидери во својата област и сосема нова свежина на пазарот.
Трендсетерот и бизнис лидер во модата на нашите простори, мултибренд продавницата Fashion&Friends ќе се претстави со целосно нов концепт и понуда на дополнително нови брендови со што ќе има вкупна застапеност од над 20 модни марки за конфекција и обувки како Calvin Klein, Camper, Desigual, Diesel, Inuikkii, Levis, Liu Jo, Miss Sixty, Moose Knuckles, Mou, Paciotti, Patrizia Pepe, Premiata, Replay, Scotch & Soda, Steve Madden, Supedry, Tommy Hilfiger и други.
Љупчо Маневски, комерцијалниот директор на „Fashion group“ официјално ги предаде нацртите за осумте проекти на лизинг тимот на „Ист гејт мол“ и изјави:
– „Fashion group“ и понатаму останува омилено место за мода за сите прогресивни генерации. Претставуваме понуда која се темели на долгогодишно искуство и страст за создавање вредност за партнерите и купувачите, што се преточува во нови иницијативи како отворањето на овие осум проекти во „Ист гејт мол“.