ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ЈА НАМАЛИ КАМАТНАТА СТАПКА НА 2% Инфлацијата во еврозоната падна под предвидената
Инфлацијата во еврозоната падна под целната стапка на ЕЦБ од 2% во мај, достигнувајќи пониска стапка од очекуваната 1,9%.
Европската централна банка ja намали каматната стапка за 25 базични поени, што ќе ја намали каматната стапка на депозитните овластувања на 2%, во споредба со 4% во средината на 2023 година.
„Поточно, одлуката за намалување на каматната стапка на депозитните овластувања – стапката преку која Управниот совет ја насочува монетарната политика – се базира на ажурирана проценка на инфлациските перспективи, динамиката на базичната инфлација и силата на преносот на монетарната политика“, се вели во соопштението на ЕЦБ.
Инфлацијата во еврозоната падна под целната стапка на ЕЦБ од 2% во мај, достигнувајќи пониска стапка од очекуваната 1,9%.
Сепак, економскиот раст останува слаб дури и кога се намалуваат каматните стапки. Најновата проценка покажува дека во првиот квартал од 2025 година економијата на Еврозоната порасна за 0,3%.
Одлуката на централната банка доаѓа во критичен момент за економијата на еврозоната, бидејќи бизнисите и креаторите на политиките се соочуваат со зголемена неизвесност во услови на зголемени геополитички тензии.