ЕВРОПА СЕ НАДЕВА ДЕКА ВО ОХРИД ВУЧИЌ И КУРТИ ЌЕ ПОТПИШАТ Стигнаа пораки да не се пропушта „возот“

Нејзиниот твит беше одговор на твитот на германскиот амбасадор на Косово, Јорн Роде, кој ги повика Белград и Приштина „да не го пропуштат возот“.

246

Известувачката на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон, изрази силна надеж дека ќе се постигне договор меѓу Косово и Србија на 18 март во Охрид, каде што ќе се одржи следната средба на високо ниво во рамки на меѓусебниот дијалог. Нејзиниот твит беше одговор на твитот на германскиот амбасадор на Косово, Јорн Роде, кој ги повика Белград и Приштина „да не го пропуштат возот“.

 






Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ се очекува да се сретнат на 18 март во Охрид за да го потпишат француско-германскиот или европскиот договор што го договорија на 27 февруари во Брисел.

Поврзани содржини