Европа преплавена со канцероген сусам од Индија, Србија врати 17,8 тони сусам од граница

Хрватска и другите европски со месеци се преплавени со контаминиран сусам увезен од Индија, кој го содржи канцерогениот пестицид етилен оксид, поради што голем број производи од сусам се повлечени од хрватскиот пазар.

1,472

Граничната фитосанитарна инспекција на Србија врати пратка од 17,8 тони сусам од Индија, поради присуството на етилен оксид во количина поголема од дозволеното, соопшти денеска Министерството за земјоделство за Танјуг.

За предметната пратка донесена е одлука за забрана за увоз и во тек е постапката за враќање на сусамот на добавувачот.






Српското Министерство за земјоделство истакнува дека Граничната фитосанитарна инспекција, при официјалните контроли, ги контролира остатоците од пестициди, металите и другите загадувачи во храната, како и во добиточната храна.

Тие истакнуваат дека, меѓу другото, сусамот и сусамските производи со потекло од Индија редовно се проверуваат за присуство на етилен оксид.

Хрватската агенција Хина јави дека Хрватска и другите европски со месеци се преплавени со контаминиран сусам увезен од Индија, кој го содржи канцерогениот пестицид етилен оксид, поради што голем број производи од сусам се повлечени од хрватскиот пазар.

Поврзани содржини