ЕВРОПА Е ЗАФАТЕНА ОД СИЛЕН ТОПЛОТЕН БРАН, ЗДРАВЈЕТО НА РАНЛИВИТЕ Е ВО ОПАСНОСТ Научниците предупредуваат дека ова не е врвот – иднината носи уште поекстремни жештини
Франција, Италија, Шпанија и Португалија издадоа црвени тревоги, a температуриte над 44 степени Целзиусови го зголемуваат ризикот од пожари, топлотни удари и од смртност кај ранливите.
Силен топлотен бран ја зафати јужна Европа денеска, поттикнувајќи ги властите да издадат предупредувања за здравје и за шумски пожари бидејќи се очекува температурите повторно да се зголемат.
Франција, Италија, Португалија и Шпанија со денови се борат со жешка топлина, при што температурите достигнуваат 44 степени Целзиусови на некои места.
Црвени тревоги и мобилизација на итните служби
– Ова е без преседан – рече министерка за животна средина и транзиција на Франција, Агнер Пание-Рунашер, додека рекордни 84 од 96 континентални департмани во земјата беа ставени на второ највисоко ниво на тревога за топлина.
Само мал дел од земјата на северозапад беше поштеден од топлина, според метеоролошката служба Метео Франс, која рече дека топлотниот бран ќе го достигне врвот в вторник и в среда.
Првиот голем топлотен бран во летото ги поттикна властите во земјите долж северниот медитерански брег да издадат предупредувања за топлина до своите граѓани.
Болниците под притисок – топлотниот удар удира најмногу по ранливите
Амбулантите беа во приправност во близина на туристичките дестинации бидејќи експертите предупредија дека ваквите топлотни бранови, влошени од климатските промени, ќе станат почести.
Пожарникарите беа во состојба на готовност откако пожарите избувнаа во Франција и во Турција вчера, поттикнати од топлината и силните ветрови.
Минатата недела, грчките пожарникари мораа да се борат со шумски пожар на брегот јужно од Атина.
Шпанската метеоролошка служба AEMET објави дека температурите во Екстремадура и во Андалузија достигнаа 44 степени Целзиусови вчера.
Во Италија, 21 град низ целата земја беа во состојба на висока готовност поради екстремната топлина, вклучувајќи ги Милано, Неапол, Венеција, Фиренца, Рим и Катанија.
Службите за итни случаи во болниците низ Италија пријавија зголемување од 10% на случаите предизвикани од топлотен удар, според потпретседателот на Италијанското друштво за итна медицина, Марио Гуарино.
– Тие се претежно постари лица, лица со рак или бездомници кои се јавуваат со дехидрација, топлотен удар и со замор – рече тој.
Неколку области во јужната половина на Португалија, вклучувајќи го и Лисабон, беа под црвена тревога до понеделник вечерта, соопшти Португалскиот институт за море и атмосфера (ИПМА).
Две третини од Португалија исто така беа во состојба на висока готовност вчера поради екстремна топлина и поради шумски пожари, како и италијанскиот остров Сицилија каде што пожарникарите се бореа со 15 пожари во саботата.
Климатските промени го зголемуваат ризикот
Научниците велат дека климатските промени поттикнуваат сè пожешки и поинтензивни топлотни бранови, особено во градовите каде што таканаречениот ефект на „урбан топлотен остров“ го зголемува интензитетот на температурите меѓу густо населените згради.
– Топлинските бранови во медитеранскиот регион станаа почести и поинтензивни во последните години. Во иднина се очекува понатамошно зголемување на температурите и екстремна топлина, па затоа ќе мора да се навикнеме на температури со врвови дури и повисоки од оние што ги доживуваме во моментов – рече истражувачот во Италијанскиот институт за заштита и истражување на животната средина (ИСПРА), Емануела Пјервитали.