Еве како Русите фатија терорист кој сакал да крене владина зграда во воздух (ВИДЕО)
ФСБ наведува дека уапсила 21-годишен маж од Централна Азија, кој планирал бомбашки напад.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека спречила терористички напад врз една од владините згради во московскиот регион.
ФСБ наведува дека уапсила 21-годишен маж од Централна Азија, кој планирал бомбашки напад.
Уапсениот планирал, како што се наведува, „терористички напад врз владината зграда со импровизирана експлозивна направа, постапувајќи по наредба на членови на меѓународни терористички групи“.
Се додава дека во неговите уреди е пронајдена долга историја на пораки со терористи, како и снимка од неговата заклетва пред терористичка група.
– Криминалецот планираше подоцна да замине во борбената зона на Блискиот исток со цел да учествува во активностите на терористичката група – наведува ФСБ.