Еве како изгледале Џил и Џо Бајден во младоста (ФОТО)

Фотографиите што парот ги објави на социјалните мрежи покажуваат дека тие биле хармоничен и заљубен пар од самиот почеток.

1,967

69-годишната Џил Бајден стана првата американска дама и прва која нема да ја напушти работата поради својата нова должност.

Џил на овој начин сака да испрати порака дека жените не се должни слепо да ги следат своите сопрузи и да се откажат од својата кариера заради неговата.






Џил и Џо Бајден се во брак 43 години. Тие се запознале кога таа имала 24, а тој 33.

И двајцата имаа брак зад себе – таа се разведе на првата година на факултет, а тој остана вдовец со два сина.

„Конечно запознав вистински џентлмен“, ѝ рекла Џил на нејзината мајка по првиот состанок со Џо Бајден.

Откако се венчале, Џил се грижела за неговите синови, а парот подоцна ја добил ќерката Ешли.

Џил долго време одбивала да се омажи за Бајден, иако, како што вели, го сака уште од првиот ден. Тој ја запросувал дури пет пати.

Фотографиите што парот ги објави на социјалните мрежи покажуваат дека тие биле хармоничен и заљубен пар од самиот почеток.

Поврзани содржини