ЕВАКУИРАН СУДОТ ВО НОВИ САД Дојава за бомба ги потресе вработените
Она што е чудно е дека годинава дури 12 пати луѓе се јавувале да пријават бомба во истата зграда, а во два од случаите, на 1 и 8 јули, на телефонот се јавувала жена.
Дојава за бомба од непознат маж кој денес напладне се јавил во главниот суд во Нови Сад направила зградата да биде веднаш евакуирана, пишува Новости. Она што е чудно е дека годинава дури 12 пати луѓе се јавувале да пријават бомба во истата зграда, а во два од случаите, на 1 и 8 јули, на телефонот се јавувала жена.
Истрагата на полицијата е во тек, а сите судења се прекинати. Во евакуираната судска зграда сместени се Апелациониот, Вишиот, Основниот и Стопанскиот суд, како и надлежните обвинителства.