ЕВАКУАЦИЈА ОД САЛАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ ПОРАДИ ДОЈАВА ЗА БОМБА Полицијата врши антитерористички проверки

Доколку е безбеден објектот концертот ќе продолжи, соопшти полицијата.

330

Полцијата ја роверува салата „Јане Сандански“ поради дојава за бомба.

„Денеска (15.5.2025) во 18.49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата Јане Сандански во Скопје, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба. Веднаш се преземени соодветни мерки и присутните во салата се безбедно евакуирани. Во тек се антитерористички проверки и по нивното завршување, доколку е безбеден објектот концертот ќе продолжи“, соопшти полицијата.






Во салата треба да се одржи концерт на Пеѓа Јовановиќ.

Поврзани содржини