Еуроникел Индустри: Средината во која работиме е чиста

Еуроникел тврди дека е производител на никел од светски калибар, којшто ги имплементира сите најсовремени методи за заштита на животната средина, а не компанија за третирање отпад.

523

Компанијата Еуроникел Индустри информира дека  во нејзиното работење користи квалитетни репроматеријали  кои се во согласност со воведените ИСО стандарди и А-интегрираната еколошка дозвола.

Компанијата во јавноста беше посочена дека користи неквалитетен мазут со што ја загадува околината и амбиеталниот воздух.






– Еуроникел Индустри е носител на А-интегрирана еколошка дозвола и согласно бројните обврски што произлегуваат од оваа дозвола, меѓу кои и квалитетот на воздухот, во и околу фабриката се врши 24 часовно мерење на емисиите во воздухот и квалитетот на истиот. Дополнителен мониторинг вршат и акредитирани лаборатории и сите овие податоци постојано се поднесуваат до Министерството за животна средина и просторно планирање. Во изминатите три години, мерењата покажуваат дека квалитетот на воздухот е одличен. Сите овие податоци се јавно достапни -велат од компанијата.

Оттаму додаваат дека  за технолошкиот процес е важен квалитетот на репроматеријалите, вклучително и мазутот за што се вршат и редовни котроли кои се бараат со ИСО 9001 стандардот за квалитет, кој е имплементиран во компанијата.

-Покрај овие контроли, користиме и контрола од страна на акредитирани лаборатории. Досега од наша страна не се забележани неправилности. Ќе подвлечеме дека како и секое друго правно и физичко лице кое купува на домашен пазар, ние немаме законска обврска да го контролираме квалитетот или потеклото на репро материјалите: тоа е обврска на увозникот кој поседува соодветна лиценца за увоз и институциите како контролен механизам.Исто така, ќе истакнеме дека ние сме производител на никел од светски калибар, којшто ги имплементира сите најсовремени методи за заштита на животната средина, а не компанија за третирање отпад. За нас е исклучително важен квалитетот на репроматеријалите, вклучително и мазутот, кои ги користиме во производниот процес, бидејќи колку е повисок квалитетот на енергенсите, толку е поголема ефикасноста, подобри се нормативите и повисок е квалитетот на нашиот финален производ – никелот, што е наша крајна цел, бидејќи нашиот никел се пласира на европскиот и светскиот пазар, каде наша конкуренција се производители од Европа, Америка, Канада, Австралија и други – велат од компанијата.

Оттсаму додаваат и дека имаат личен интерес да работат со висок квалитет на материјали, како и законска и морална должност, за што постојано преземаат бројни активности.

-Секако во интерес на вистината, ние стоиме на располагање на сите надлежни органи и институции, како со податоци, така и со други инструменти, да помогнеме во детекција на евентуални неправилности на пазарот со мазут, но и секакви други енергенси и репроматеријали кои би можеле да имаат влијание врз животната средина – велат од Еуроникел Индустри.

Поврзани содржини