ЕУ ВОДИ ДЕСТРУКТИВНА И КРАТКОВИДА ПОЛИТИКА Русија предупредува за милитаризмот на Европа

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека расте милитаризмот во ЕУ, што доведува до зголемување на инвестициите во вооружување под изговор дека има закана од Русија.

435

За Русија, напорите на Европска Унија за зголемување на трошоците за одбраната, се кратковида и деструктивна политика.






Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека расте милитаризмот во ЕУ, што доведува до зголемување на инвестициите во вооружување под изговор дека има закана од Русија.

– Јасно е дека натамошното зголемување на трошоците ќе има многу, многу негативни ефекти и ќе доведе до дополнително влошување на економската ситуација во Европа, што ќе му влијае на секој Европеец – посочи Песков.

Комисијата на ЕУ проценува дека ќе бидат потребни дополнителни инвестиции во одбраната од околу 500 милијарди евра во следната деценија.

Песков, исто така, го критикуваше предлогот на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека Украина може да им предаде дел од своите минерални ресурси на САД во замена за дополнителна американска воена помош.

– Ова е предлог за купување помош. Се разбира, би било подобро да не се даде никаква помош  и на тој начин да се олесни крајот на конфликтот – истакна Песков.

ЕВРОПА Е СОЛИДАРНА СО ДАНСКА, ВРЕМЕ Е ЗА ГРАДЕЊЕ СИЛНА ОДБРАНА Европските лидери разговараа за САД, Украина и за Русија

Поврзани содржини