РУСИЈА ИЗВРШИ РАКЕТЕН НАПАД ВРЗ УКРАИНА, УНИШТЕНИ СЕ ЗГРАДИ ВО ХАРКОВ Загинаа 4 лица, 20 луѓе се повредени

Според регионалниот гувернер на Харков, Олег Синегубов, причинета е штета на петкатница, а неколку административни згради се делумно уништени.

276

Загинаа 4 лица, а најмалку 20 луѓе се повредени во руски воздушен напад, при што се оштетени станбени и административни згради во украинскиот град Изум во североисточниот регион Харков.

– Руските сили извршија балистички ракетен напад врз централна област на градот – објави регионалниот гувернер, Олег Синегубов, на Телеграм.






Тој додаде дека најмалку 1 лице е затрупано под урнатините.

Според Синегубов, причинета е штета на петкатница, а неколку административни згради се делумно уништени.

Регионот Харков, кој граничи со Русија, честопати е цел на руски воздушни напади.

СПРЕМНИ СЕ ДА НИ ГИ ДАДАТ РЕТКИТЕ МИНЕРАЛИ Трамп има еден услов за да ја поддржи Украина

Поврзани содржини