ЕУ ОДВОЈУВА 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Брисел со нов план за одбрана, дел од средствата и за Украина

Европската комисија одобри програма вредна 1,5 милијарди евра за зајакнување на одбранбената индустрија, при што дел од средствата се наменети за поддршка на Украина.

42

Европската комисија одобри работна програма вредна 1,5 милијарди евра со цел зајакнување и модернизација на европската одбранбена индустрија, во рамки на Програма за европска одбранбена индустрија (EDIP).

Од вкупниот износ, 260 милиони евра ќе бидат насочени кон „Инструментот за поддршка на Украина“, кој предвидува инвестиции во заеднички проекти за зголемување на воените производствени капацитети. Средствата ќе се користат за развој на клучни одбранбени компоненти, вклучувајќи системи за борба против дронови, ракети и муниција, како во Украина, така и во Европа.






– Земјите членки, Норвешка и, за првпат во рамки на програмата за одбранбена индустрија на ЕУ, Украина и нејзините индустрии, сега можат да ги искористат можностите за финансирање за зајакнување на одбранбената соработка и зголемување на производството – изјави европскиот комесар за одбрана и вселена Андриус Кубилиус.

Со оваа програма, Европската унија има цел да ја зголеми самостојноста во одбранбениот сектор и да го засили производството на воена опрема во услови на зголемени безбедносни предизвици.

Поврзани содржини