ЕУ ДЕНЕСКА ЌЕ НАПРАВИ КАТАСТРОФАЛНА ГРЕШКА Без право на вето ќе се гласа за замрзнатите руски пари

Со денешната постапка, Брисел го укинува условот за едногласност со еден потег на пенкалото, што е очигледно нелегално - рече Орбан.

671

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се огласи за најавата за денешното гласање во Брисел, каде што се очекува земјите-членки на ЕУ да одлучат за долгорочно замрзнување на средствата на руската централна банка, а унгарскиот премиер реагираше бурно на ова.

Меѓу другото, Орбан рече дека напладне ќе се одржи писмено гласање кое ќе предизвика непоправлива штета на Европската Унија.






– Денеска Брисел го преминува Рубикон. Предмет на гласањето се замрзнатите руски средства, за кои земјите-членки на ЕУ досега гласаа на секои шест месеци и донесоа едногласна одлука. Со денешната постапка, Брисел го укинува условот за едногласност со еден потег на пенкалото, што е очигледно нелегално – рече Орбан.

Унгарскиот премиер, исто така, истакнува дека со денешната одлука, владеењето на правото во Европската Унија завршува, а европските лидери се ставаат над правилата.

– Наместо да обезбеди почитување на договорите на ЕУ, Европската комисија систематски го крши европското право. Го прави тоа за да ја продолжи војната во Украина, војна во која очигледно не може да се победи. Сето ова се случува во сред бел ден, помалку од една недела пред состанокот на Европскиот совет, најважното тело за донесување одлуки на Унијата кое ги обединува шефовите на држави и влади. Ова го заменува владеењето на правото во Европската Унија со владеење на бирократите. Со други зборови, воспоставена е диктатура во Брисел. Унгарија протестира против оваа одлука и ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го врати правниот поредок – рече Орбан.

Патем, Европската комисија предложи да се користи одредбата од Договорот за ЕУ, член 122, за замрзнување на средствата на неопределено време. Оваа одредба им дава одврзани раце на владите на ЕУ да усвојат какви било мерки што ги сметаат за неопходни, со квалификувано мнозинство, за да се справат со тешката економска состојба во ЕУ.

Договорот за замрзнување на руските средства на неопределено време би го елиминирал клучниот ризик за планот за нивно користење за финансирање на Украина, бидејќи Унгарија и Словачка повеќе нема да имаат право на вето да го продолжуваат замрзнувањето на секои шест месеци како што имаат сега.

Поврзани содржини