ЕСМ ЌЕ ПЛАТИ 1 МИЛИОН ЕВРА ПОВЕЌЕ ЗА ГАСОТ ОД БУГАРСКАТА ФИРМА „Макпетрол“ ја објави точната пресметката за понудените цени споредени со берзанските
За „Макпетрол“ е нејасна политика на ЕСМ да ја сокрива понудата на „Макпетрол“ за „ЕСМ енеретика“, пониска за близу 6 евра и свесно да одбере поскап понудувач.
Државата ќе плати 1 милион евра повеќе за набавка на гас за јануари поради погрешната одлука на ЕСМ да купува на гас од бугарската компанија „Балкан Јутилитис“, тврди „Макпетрол“.
Според пресметките на компанијата, кои се спротивни на тврдењата на политичарите и ЕСМ дека ја избрале поповолната понуда на тендеот, вкупната понуда на „Макпетрол“ за јануари годинава е поевтина од таа на компанијата „Балкан Јутилитис“ за 178,9 евра во моментот на одлучување.
-Имено, за набавка на 61.693 мегават часови, „Макпетрол Пром-Гас“ до ЕСМ за потребите на „ЕСМ продажба“ достави променлива цена според берзанските цени, од 116,2 евра, додека цената на „Балкан Јутилитис“ беше фиксна од 115,9 евра, односно за 0,24 евра пониска. Додека, за потребите на „ЕСМ енергетика“, „Макпетрол“ до ЕСМ понуди 110,2 евра во истиот период за 33.670 мегават часови, а за истото количество енергија, „Балкан Јутилитис“ приложи цена од 115,9 евра, односно за 5,7 евра повисока цена од понудeната на „Макпетрол“. Кога ќе се соберат количините и разликата во цената се добива износ од 178,9 евра во корист на понудата на „Макпетрол“ уште во моментот на одлучување – велат од „Макпетрол“.
За „Макпетрол“ е нејасна политика на ЕСМ да ја сокрива понудата на „Макпетрол“ за „ЕСМ енеретика“, пониска за близу 6 евра и свесно да одбере поскап понудувач.
-Доколку ЕСМ ја прифатеше понудата на „Макпетрол“ со променлива цена врзана за движењата на берзите, односно конечната цена да се добие на крајот од месецот како што се работеше од самиот почеток на енергетската криза, државната „ЕСМ“ ќе платеше 1 милион евра помалку за да обезбеди гас за месец јануари. Наместо тоа, тие ја избраа бугарската фирма „Балкан Јутилитис“ нагласувајќи дека нивната фиксна цена за гасот била пресуден фактор .Со ова станува очигледно дека само со цел да се дисквалификува „Макпетрол“ се промени политиката на „ЕСМ“, за цена на што се плаќа гас поскап за повеќе од 1 милион евра државни пари – велат од „Макпетрол“.