ЌЕРКАТА НА ЧАРЛИ ШИН СЕ ЗАБАВУВА НА ПЛАЖА ВО ДРУШТВО НА МИСТЕРИОЗЕН МАЖ Во розови танга-бикини младата инфлуенсерка привлече многу погледи

Семи Шин беше фотографирана на плажа во Малибу во друштво на мистериозен маж, што предизвика гласини за нова врска.

139

Семи Шин, ќерка на актерскиот дуо Чарли Шин и Дениз Ричардс, беше фатена на плажа во Малибу каде што уживаше во сончев ден, но не беше сама.

Во впечатливо розово бикини, таа ја истакна својата фигура и привлече многу погледи, а посебно внимание привлече мажот со кого разменуваше нежности и разговори. Иако нивната врска сè уште не е официјално потврдена, странските медиуми веќе шпекулираат дека станува збор за нејзиното ново момче.






Двојката изгледаше опуштено и блиско, а во еден момент Семи разиграно трчаше по плиткото и уживаше во брановите, не грижејќи се за љубопитните погледи.

Се чини дека младата инфлуенсерка сè повеќе ги полни рубриките на странските медиуми, не само поради нејзините познати родители, туку и поради животот што го гради за себе во очите на јавноста.

Патем, Чарли ја доби Семи во бракот со поранешната сопруга Дениз Ричардс. Покрај неа, Чарли и Дениз имаат уште една ќерка, Лола. Тие беа во брак од 2002 до 2006 година, а причината за разводот беа бројните прељуби на Чарли, по кои тој беше познат.

Поврзани содржини