ЌЕРКАТА НА БОЛДВИН ДОБИВА ЗАКАНИ ПО УБИСТВОТО Еден човек реши да го прекине кругот на омраза (ФОТО)

„Имав работа со некои прилично глупави познати личности во моето време, но татко ти НЕ беше таков. Сакаше само да се увери дека во собата има млеко и житарки во неговиот хотел додека го посетуваше неговата ќерка. Тој беше таков. Цело време. Секогаш ќе го паметам тоа“, ѝ напишал човекот на Ајрланд Болдвин, бранејќи го нејзиниот татко.

1,578

Манекенката Ајрланд Болдвин, ќерка на мегапознатиот Алек Болдвин, соопшти дека добива заканувачки пораки на интернет, откако нејзиниот татко беше вмешан во случајното убиство на снимањето на каубојскиот филм „’Рѓа“, пишува PlayCrazyGame. Но, еден човек реши да ѝ ја каже вистината и да се спротивстави на негативните коментари за познатиот глумец.

Ајрланд во својот испад откри дека била цел на многу пораки со омраза и закани. И покрај многуте закани младата жена доби и една топла порака од некој што работел со Болдвин. Таа му се заблагодари на човекот кој го сподели неговиот позитивен став кон 63-годишниот актер.

 






„Пред милион години работев во канцеларијата во Торонто на продуцентот одговорен за филмот „Томас и неговите пријатели“. Имав работа со некои прилично глупави познати личности во моето време, но татко ти НЕ беше таков. Сакаше само да се увери дека во собата има млеко и житарки во неговиот хотел додека го посетуваше неговата ќерка. Тој беше таков. Цело време. Секогаш ќе го паметам тоа“, ѝ напишал човекот.

Во натписот на објавата Ајрланд му одговори на човекот дека го сака и го познава својот татко, заблагодарувајќи му се за пријателските зборови.

„Од сите одвратни и заканувачки коментари, е-пошта, текстови и говорни пораки што сум ги примила … Овој прекрасен коментар се истакнува“, напишала Ајдлран Болдвин.

Поврзани содржини