ЌЕРКА ТИ ПРЕГАЗИ ДЕТЕ, ПЛАТИ, ИНАКУ ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР! Измамена 88-годишна скопјанка платила 1.800 евра

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и апелира до граѓаните да бидат внимателни со слични телефонски повици.

826

88-годишна жена од Скопје била измамена од непознат сторител кој ѝ се јавил по телефон и ѝ рекол дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете, а доколку сака да ја спаси од затвор, мора итно да плати пари.

Како што информираше МВР, случајот бил пријавен на 27 мај 2025 година во 15.30 часот во СВР Скопје.






„Жената пријавила дека околу 10 часот добила телефонски повик од машко лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка прегазила дете. За да не оди во затвор, побарал да плати парична сума. Жената, вознемирена од кажаното, подоцна ги оставила парите – 1.800 евра – на договорена локација“, информираат од МВР.

Кога подоцна се слушнала со својата ќерка и дознала дека ништо од тоа не е вистина, сфатила дека била измамена.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и апелира до граѓаните да бидат внимателни со слични телефонски повици.

Поврзани содржини