Ериксен со неверојатен гол го реши очајниот Милан

843

Екипата на Интер оди во следната фаза на Копа Италија откако вечерва го победи Милан со 2:1. Иако тимот на Антонио Конте губеше со 0:1 со голот на Златан Ибрахимовиќ, сепак, Ромелу Лукаку и џокерот од клупата Кристијан Ериксен успеаја да му донесат победа на својот клуб.

Данецот, кој е еден од најнеомилените фудбалери на Конте, вечерва повторно како замена на Марсело Брозовиќ влезе во игра неколку минути пред крајот на натпреварот, но во самиот финиш и со мајсторски изведен слободен удар му донесе на Интер победа и билет за наредната фаза на Купот на Италија.






Во следната фаза Интер ќе го чека подобриот од натпреварот помеѓу Јувентус и СПАЛ, а на Конте останува дали и понатаму ќе продолжи да се инаети и да го остава Данецот на клупата за резервни играчи.

Поврзани содржини