ЕРДОГАН ГО РАЗУБЕДИЛ НЕТАНЈАХУ ДА НЕ ЗАМИНЕ ВО ЕГИПЕТ? Турција тврди едно, Израел друго

На иницијатива на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, благодарение на турските дипломатски напори и поддршката на другите шефови на држави и влади, Нетанјаху нема да присуствува на состанокот во Египет, изјави турски владин претставник за ДПА.

2,496

Турската влада денеска објави дека Анкара одиграла одлучувачка улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот во Газа во Египет.

– На иницијатива на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, благодарение на турските дипломатски напори и поддршката на другите шефови на држави и влади, Нетанјаху нема да присуствува на состанокот во Египет – изјави турски владин претставник за ДПА.






Но, Израел ја претстави ситуацијата поинаку. Денеска напладне, кабинетот на египетскиот претседател објави дека Нетанјаху доаѓа, но кабинетот на израелскиот премиер кратко потоа го негираше тоа.

Канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека Нетанјаху му се заблагодарил на претседателот Доналд Трамп за поканата за Египет, но дека не може да патува поради еврејскиот празник Симхат Тора.

 

Поврзани содржини