📷 ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ОДРЖА СЕКСИ МОДНА ЛЕКЦИЈА ОД ЕГИПЕТ Фустан со длабоко деколте и турбан во центарот на вниманието
Во рамките на својата турнеја „Up All Night“, латино дивата Џенифер Лопез настапи во Египет, а со обожавателите на социјалните мрежи сподели низа впечатливи модни комбинации што ги носеше во текот на престојот во таа земја.
Во рамките на својата турнеја „Up All Night“, латино дивата Џенифер Лопез (56) настапи во Египет, а со обожавателите на социјалните мрежи сподели низа впечатливи модни комбинации што ги носеше во текот на престојот во таа земја.
Една од фотографиите што привлече најголемо внимание ја прикажува „жешката“ латиноамериканка во елегантен фустан со длабоко деколте и турбан на главата.
View this post on Instagram
Пејачката, која на 56 години привлекува внимание со својот изглед и самодоверба, позираше пред огледало во долг сив фустан со истакнати прерамки.
Длабокиот деколте дополнително беше нагласен со ѓердан со привезок, а на целиот изглед посебен шмек му даде стилизиран турбан што ја надополни модната порака.
Во серија летни фотографии што ги сподели со своите следбеници, Џенифер Лопез се појавува во разни атрактивни изданија – од класично црно бикини кое ја истакнуваше нејзината завидна фигура, до воздушест бел фустан и летна комбинација од слама идеална за на плажа.