ЏЕНЕРАЛ МОТОРС ПОВЛЕКУВА 73.000 ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА Дефект во батеријата може да предизвика пожар
Компанијата проценува дека замената на неисправни батерии ќе резултира со една милијарда американски долари вонредни трошоци.
Американскиот автомобилски гигант „Џенерал Моторс“ на својата веб -страница објави дека повлекува повеќе од 73.000 електрични автомобили „Шевролет Болт“ од пазарот.
„Џенерал Моторс доброволно го проширува повлекувањето на електричните возила Шевролет Болт произведени во 2019 година и сите возила 2020-2022 година, вклучувајќи го и моделот Болт ЕУВ (електричен СУВ). Во ретки случаи, батериите за овие возила можат да дадат дефекти, што го зголемува ризикот од пожар“, се вели во соопштението.
Компанијата проценува дека замената на неисправни батерии ќе резултира со една милијарда американски долари вонредни трошоци.