Во време на вонредната ситуацијата со ковид-19, Црвен крст Струмица доби донација од локалната струмичка компанија EDG – Endomak Dental Group.
Донацијата, како што информира Црвен крст на фејсбук, се состои од заштитни одела (скафандери), заштитни очила, заштитни визири и заштитни маски, а е со цел да ги заштити вработените во институциите каде има поголема раздвиженост на население.
„Денес дел од оваа донација беше дистрибуирана и на вработените во Општина Босилово. Ја поздравуваме намерата на донаторот и се надеваме дека ова донација ќе потикне и други компании од истата дејност да донираат. Таму каде што е најпотребно. Ви благодариме“, објави Црвен крст, Струмица на фејсбук.