ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ПРОГОВОРИ ЗА НОВИОТ ДЕЧКО Пејачката веќе пет години не е во однос маж-жена со Душко Тошиќ
Српската поп пејачка Јелена Карлеуша вчера го прослави 46-от роденден, го издаде спотот за хит песната „Бенга“, а во интервјуто за српски „Информер“, меѓу другото, проговори за разводот со Душко Тошиќ, но и за новата љубов.
Српската поп пејачка Јелена Карлеуша вчера го прослави 46-от роденден, го издаде спотот за хит песната „Бенга“, а во интервјуто за српски „Информер“, меѓу другото, проговори за разводот со Душко Тошиќ, но и за новата љубов.
Јелена рече дека со Душко се во процес на спогодбен развод, но дека тоа многу бавно оди и дека никогаш нема да каже ништо лошо за Тошиќ, затоа што е татко на нивните две ќерки – Атина и Ника.
– Веќе ништо не му забележувам, не размислувам за него. Жал ми е што не можеше да следи жена како мене, што не беше доволно силен и психички и емоционално. Сè уште сум жена за која е неопходно да има голема храброст, големо срце и сериозно висок коефициент на интелигенција за да ме разбере и да ме сака на вистински начин. Да се сака и да се разбере вонземјанин е тешко. Проблемот е да се живее со некој на кој постојано морам да му објаснувам дека мислењето на јавноста не треба да биде она што мојот партнер го мисли за мене – рекла Јелена.
Пејачката дури сега призна дека има некој посебен во нејзиниот живот.
– Можам да кажам дека постои некој. Но, сè во свое време… Јас и Душко одамна, односно повеќе од пет години не сме во тие односи маж-жена и би било нереално мене да не ми се додворува никој, мене никој да не ми се допаѓа и никој да не ме прегрнал и бакнал. Не велам дека сум вљубена, но задоволна сум. Не сум некој што блеска поради некој друг, јас блескам најмногу кога сум задоволна самата со себе. Тоа е најдоброто решение за сите женски проблеми, блеснете драги дами поради себе, не за вашиот партнер, бидејќи вие сте единствената константа – изјавила Јелена за „Информер“.