📷 ЕЛ ДА Т ВИД’Т ТАТЕ И МАМА! Заев го запозна Ципрас со родителите

„Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности“, напиша Заев на социјалните мрежи.

9,401

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас пристигна викендов во Струмица за да го посети својот другар, поранешниот македонски премиер Зоран Заев.

Досегашниот лидер на СИРИЗА дојде во познато струмичко кафуле со „Бе-ем-ве“ со струмички регистарски ознаки.






„Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности“, напиша Заев на социјалните мрежи.

Подоцна, Заев го однел својот пријател на запознавање со родителите.

За таткото и мајката на поранешниот премиер на Македонија и претседател на СДСМ е познато дека потекнуваат од струмичкото село Муртино, а како што и самиот Зоран Заев порано кажувал, татко му бил магацинер во „ЗИК Струмица“, а мајка му била наставничка.

Поврзани содржини