📽️ ЕКСПЛОЗИЈА ВО БАР ВО МАДРИД Најмалку 25 повредени, тројца во критична состојба

Истекување на гас ја предизвика моќната експлозија која го уништи локалот и зафати станбена зграда, а жителите се евакуирани.

62

Најмалку 25 лица се повредени при експлозија во бар во Мадрид, јавува весникот „Паис“ повикувајќи се на полицијата. Според извори, тројца од повредените се во тешка состојба и се хоспитализирани во локалните клиники.

Инцидентот се случил во 15:01 часот во бар на улицата „Мануел Марото“ во мадридската населба Пуенте де Валекас. Експлозијата ја зафатила и станбената зграда над локалот, предизвикувајќи значителна материјална штета.






Според првичните информации на властите, експлозијата е предизвикана од истекување на гас, но официјалната истрага се уште трае.

– Ситуацијата е сериозна, но нашите служби се на терен и прават сè што е потребно за да ги заштитат граѓаните – изјавија од Одделот за цивилна заштита на Мадрид.

Регионот е целосно обезбеден од полицијата, а пожарникарите рачно ги расчистуваат урнатините бидејќи објектот е нестабилен и небезбедно е да се користи механизација. Жителите на горните катови се евакуирани заради безбедност.

 

Одделот за цивилна заштита на Мадрид објави фотографии од местото на инцидентот на социјалната мрежа „Икс“. Снимките покажуваат дека барот е речиси целосно уништен, а улицата околу локалот е блокирана.

Полицијата и пожарникарите апелираат до граѓаните да ја почитуваат безбедносната зона и да се воздржат од приближување до урнатините додека траат спасувачките активности.

Поврзани содржини