🎥 ЕКСПЛОЗИЈА ПРЕД СИНАГОГА ВО ФРАНЦИЈА Повреден е полицаец

Министерот за внатрешни работи во заминување, Жералд Дарманин, на социјалната мрежа Х го осуди „очигледно криминалниот“ чин.

223

Два автомобила, од кои едниот имал плинска боца, биле запалени утрово пред синагога во Ла Гранде-Мот на југот на Франција, предизвикувајќи експлозија во која е повреден полицаец.

Градоначалникот Стефан Росињол изјави дека полицаецот кој дошол на местото на пожарот е повреден, а неговата здравствена состојба сѐ уште не е позната, јавува Франс 24.






Министерот за внатрешни работи во заминување, Жералд Дарманин, на социјалната мрежа Х го осуди „очигледно криминалниот“ чин.

– Сакам да ги уверам нашите еврејски сограѓани и заедницата за сета моја поддршка и наредувам на барање на претседателот на Републиката, Емануел Макрон, да се мобилизираат сите средства за да се најде сторителот – рече тој.

Поврзани содржини