ЕКСПЛОЗИЈА НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА Уништен магацин со оружје во град близу границата со Украина (ВИДЕО)
Гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладаков на својот профил на Телеграм изјави дека наводно се слушнале експлозии на територијата на Белгород и на Белгородската област.
Белгород се наоѓа на околу 40 километри од границата со Украина. Се појавија информации дека експлодирал магацин за оружје, но тоа засега не е потврдено.
Гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладаков на својот профил на Телеграм изјави дека наводно се слушнале експлозии на територијата на Белгород и на Белгородската област.
– Инцидентот се случи во близина на селото Красни Октјабр. Старешината од ова село сега е на лице место и е во директен контакт со мене. Ми кажа дека во моментов нема жртви и повредени – изјави Гладаков, пренесуваат медиумите.
Тој на крајот додаде дека сите служби за итна помош се на лице место.
На социјалните мрежи се појавија снимки од наводната експлозија, но засега не може да се потврди автентичноста на овие снимки.
Сепак, гувернерот не кажа како дошло до инцидентот во овој град кој е во близина на руско-украинската граница.
#ukrainebreakingnews
A massive explosion in #Belgorod, west of #Russia, near the Ukrainian border in #Kharkiv. Another angle.https://t.co/8xMBKdJAPQ#Kiev #Kyiv #Russia #Ukraine #UkraineRussiaWar #RussianUkrainianWar
Our Telegram: https://t.co/WXsUcPwVXK pic.twitter.com/KEsMSU8epb— Ukraine Breaking News (@Ukrbreakingnews) March 29, 2022
Руската агенција ТАСС јави дека граната погодила привремен руски воен камп во близина на границата со Украина, наведувајќи дека според првите податоци најверојатно била истрелана од украинска страна.
ТАСС јави за инцидентот веднаш откако висок локален функционер соопшти за серија експлозии во близина на рускиот град Белгород во близина на границата со Украина.
Портпаролот на Брзата помош за РИА Новости изјавил дека во експлозијата се повредени четворица полицајци.