ЕКСПЛОЗИЈА ГО ВОЗНЕМИРИ САРАЕВО Во кафуле на Грбавица била фрлена бомба

Во експлозијата нема повредени, но има материјална штета на околните деловни објекти, пренесуваат босанските медиуми.

114

Силна експлозија рано утрово го вознемири Сараево. Во сараевската населба Грбавица во раните утрински часови била фрлена бомба во ресторан, пренесува Радиосарајево.ба

Оваа информација за порталот била потврдена и од сараевската полиција.






„Утринава околу 03:50 часот во улицата Хасан Бркиќ, општина Ново Сараево, активирана е експлозивна направа на бетонска површина. Нема повредени, има материјална штета на стаклените површини на деловни објекти во непосредна близина. Во тек е истрагата за инцидентот“ – се наведува во полициското соопштение.

Поврзани содржини