Експлодира кампинг-возило во Нешвил, повредени луѓе и оштетени згради

Засега не е позната причината за експлозијата на паркингот во Нешвил.

276

Силна експлозија на кампинг возило (трајлер) паркирано во центарот на Нешвил, во сојузната американска држава Тенеси, предизвика оштетување на неколку околни згради и издадена е наредба за евакуација на граѓаните, соопштија локалните власти, објави њујоршкиот весник „Њузвик“.

Некои медиуми објавија на Твитер дека по експлозијата дошло до уривање на една од зградите. Меѓу другото, пишуваат и дека пожарникарите се повлекуваат од местото на несреќата и се трага по евентуални жртви. Веројатно повеќето луѓе се здобиле само со полесни повреди, наведуваат локалните медиуми.






Подоцна е соопштено дека била спроведена евакуација на граѓаните кои живеат во два блока од местото на експлозијата, а пожарникарите ги советувале луѓето да не се приближуваат до комбиња и камиони на улиците поради можни нови експлозии.

Засега не е позната причината за експлозијата на паркингот во Нешвил.

Поврзани содржини