ЕКС-ЈУГОСЛАВИЈА СЕ ЗБОГУВА СО АКИ 150 радија во регионот истовремено ќе ја пуштат песната „Повторно“

Вчеравечер на скопскиот плоштад многу луѓе се простија од него и му напишаа поздрав во книгата на жалост. Аки имаше желба да сними цеде со македонски изворни песни, но таа за жал не му се оствари.

1,625

Повеќе од 150 радио станици ширум поранешна Југославија денеска во 15 часот ќе го емитуваат последниот сингл на Парни Ваљак, насловен „Повторно“, во чест на починатиот фронтмен Аки Рахимовски, пишува Б92.

Песната „Повторно“ е дело на гитаристот на Парни Ваљак, Хусеин Хасанефендиќ Хус, а требаше да биде најава за нов албум и голема турнеја на загрепската рок група. Во заедничката изјава Кроација рекордс и Парни Ваљак рекоа дека бендот се збогува со човекот „за кого музиката беше живот, кој со својата неуништлива енергија стана синоним за врвен фронтмен и пример за генерациите“.






„Аки одеднаш нѐ напушти, но неговиот дух и глас засекогаш ќе останат впишани во сите нас кои растевме со Парни Ваљак, се заљубувавме, се смеевме и плачевме“, се наведува.

Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но набрзо со семејството се преселил во Скопје. Тој е пејач на Парни Ваљак од основањето на бендот во 1975 година. Иако уште како дваесетгодишник Аки го напушти нашиот град и изгради музичка кариера во Хрватска, како пејач на култната група „Парни Ваљак“, тој засекогаш остана поврзан со Скопје, каде имаше многу почитувачи, пријатели, другари од детството и колеги, со кои заедно почна да се занимава со музика.

Вчеравечер на скопскиот плоштад многу луѓе се простија од него и му напишаа поздрав во книгата на жалост. Аки имаше желба да сними цеде со македонски изворни песни, но таа за жал не му се оствари.

Поврзани содржини