ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА СО САД ЌЕ ВИ ДОНЕСЕ БЕЗБЕДНОСНИ ГАРАНЦИИ Венс му го покажа излезот од војната на Зеленски

Ако сакате вистински безбедносни гаранции, ако навистина сакате да гарантирате дека Владимир Путин нема повторно да ја нападне Украина, најдобрата гаранција за безбедност е да им дадете на Американците економски можности во иднината на Украина, изјави потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс.

636

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека најдобрата гаранција за безбедноста на Украина е да се дадат на САД економски можности, пренесе телевизијата „Фокс њуз“.

– Ако сакате вистински безбедносни гаранции, ако навистина сакате да гарантирате дека Владимир Путин нема повторно да ја нападне Украина, најдобрата гаранција за безбедност е да им дадете на Американците економски можности во иднината на Украина – изјави Венс.






Тој додаде дека тоа е „многу подобра гаранција за безбедност“ од, како што рече, „испраќање 20.000 војници од некоја случајна држава која нема воено искуство во последните 30 или 40 години“.

Според Венс, склучувањето договор за ретките метали на Украина ќе овозможи САД да си вратат дел од инвестираните средства и ќе покаже дека Вашингтон има долгорочен економски интерес во земјата.

Тој нагласи и дека, доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен за мировни преговори, вратата на американскиот претседател Доналд Трамп е отворена.

Поврзани содржини