ЏЕФ БЕЗОС ЈА ИЗНАЈМИ ВЕНЕЦИЈА ЗА СВОЈАТА СВАДБА, ЖИТЕЛИТЕ СЕ БУНАТ Приказна за љубовта, луксузот и за јахтата од 500 милиони долари

Според италијанските и меѓународните медиуми, тимот на Безос веќе резервирал соби во повеќе луксузни хотели во Венеција, како и голем број гондоли - превозни средства од суштинско значење и за локалното население и за туристите. Тоа предизвика загриженост кај жителите.

273

Лондон може да ја задржи британската кралска фамилија – Венеција има нов крал, барем за неколку дена: Џеф Безос.

Милијардерот и основач на „Амазон“ реши да каже „да“ во романтичниот амбиент на италијанскиот бисер на водата, каде што летово се очекува свадба што ќе личи на холивудски блокбастер, само со повеќе пари, повеќе гости од А-листата и веројатно со повеќе шампањ.






Официјално потврдено: Свадбата ќе се случи во Венеција

Италијанскиот град Венеција официјално потврди дека ќе биде домаќин на свадбата на американскиот милијардер Џеф Безос и на неговата свршеница, поранешната новинарка Лорен Санчес, објави Дејли бист.

Џеф Безос е сопственик на весникот „Вашингтон пост“ и основач и најголем индивидуален акционер на „Амазон“. Меѓу познатите личности кои се венчаа во Венеција се и Џорџ и Амал Клуни, кои таму ја прославија својата свадба во 2014 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

Настанот ќе се одржи подоцна годинава, меѓу 24 и 26 јуни, и покрај грижите на граѓаните и на туристите дека венчавката ќе предизвика големи нарушувања во секојдневниот живот на градот.

Градот ќе „дише нормално“, ветува градоначалникот

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, во кратка изјава нагласи дека соработуваат со организаторите за сè да помине беспрекорно.

– Меѓусебно работиме и ги поддржуваме организаторите за настанот да биде целосно почитување на кревкоста и единственоста на градот – рече Бруњаро.

Според италијанските и меѓународните медиуми, тимот на Безос веќе резервирал соби во повеќе луксузни хотели во Венеција, како и голем број гондоли – превозни средства од суштинско значење и за локалното население и за туристите. Тоа предизвика загриженост кај жителите.

Градските власти се обидоа да ги смируваат реакциите со соопштение во кое велат дека „многубројните шпекулации и лажни вести кои кружат околу свадбата на Џеф Безос се целосно неосновани“. Тие додаваат дека најважен приоритет на градот е „да се осигури нормално функционирање за сите, без ненормални нарушувања“.

Свадба по венецијански терк – но на јахта вредна 500 милиони долари

Самата церемонија се очекува да се одржи на мегајахтата „Кору“, вредна околу 500 милиони долари. Сепак, поради строгите правила за заштита на културното наследство, таа најверојатно нема да може да се закотви во самиот Канал Гранде, туку во пошироката лагуна. Локални извори објаснуваат дека тоа би можело да биде причината зошто се резервирани речиси сите водни таксија во градот – за да се транспортираат гостите до јахтата.

Организаторите, наводно, одбрале и 3 различни локации за свадбените забави, што најавува викенд исполнет со луксуз и ексклузивни настани, без оглед на тоа каде точно ќе се одржи самата церемонија.

Како Венеција ја „освои“ свадбата

Венеција не беше случаен избор – зад одлуката основачот на „Амазон“ и неговата свршеница Лорен Санчез да се венчаат во „градот на каналите“ стои вистинска дипломатска кампања.

Морис Церон, генерален директор на Советот на Венеција, за лондонскиот Тајмс изјави дека уште пред 7 месеци започнал иницијатива за да го привлече овој настан, откако слушнал од модниот дизајнер Доменико Долче (од Dolce & Gabbana) дека Безос планира венчавка.

– Се фатив за работа за да го донесам овој брак на векот во Венеција, така започна сè – рече Церон.

Конкуренцијата била силна, но, како што потврди градоначалникот Луиџи Бруњаро, Венеција победила.

Кои се поканети? А-листата како на Оскарите

На свадбата се очекува присуство на околу 200 гости – бројка која е скромна во споредба со масовните настани што Венеција ги има домаќинето во минатото, како што се Биеналето или самитите на Г7 и Г20.

На листата на поканети гости, според медиумите, се појавуваат многу звучни имиња од светот на шоу-бизнисот и политиката: Ева Лонгорија, Кети Пери и Орландо Блум, Опра Винфри и Гејл Кинг, Ким Кардашијан, Крис Џенер, како и Иванка Трамп и Џаред Кушнер, заедно со неговиот брат Џошуа Кушнер и неговата сопруга, манекенката Карли Клос. Меѓу поканетите се и Леонардо ди Каприо, Тоби Мегваер, Ендрју Гарфилд и Бил Гејтс.

Санчес и Безос се верени од мај 2023 година, по неколкугодишна врска која стана јавна во 2019 година. Според информациите на „Пејџ сикс“, поканите се испратени претходно овој месец.

Фустанот, модата и хотелите со ѕвездена цена

Модната икона Ана Винтур лично ѝ помага на Лорен Санчез во изборот на нејзиниот венчален фустан, кој според медиумите најверојатно ќе биде дизајн на Оскар де ла Рента. Санчез планира да носи неколку специјално дизајнирани креации во текот на целосниот викенд.

Два од најлуксузните хотели во Венеција – „Грити палас“ и „Аман Венис“ – се целосно резервирани за свадбените денови, со цени кои се движат од 3.200 до дури 32.000 долари по ноќ.

Иако Безос претходно ги демантираше шпекулациите за венчавка вредна 600 милиони долари во Аспен, новите детали сугерираат дека и венчавката во Венеција нема да биде ништо помалку од спектакл.

Во Венеција има повеќе туристи одошто жители

Иако Венеција има едвај 50.000 жители, секоја година ја посетуваат повеќе од 20 милиони туристи, а во најфреквентните денови има и до 120.000 луѓе. Иако туризмот е основа на локалната економија, сè повеќе жители се жалат дека градот станува неподнослив за живот – со високи цени, недостапно домување и масовни настани кои, според нив, градоначалникот и властите не знаат или не сакаат да ги регулираат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Italy ® (@visititaly)

Поврзани содржини