ЕДС ИНФО ПОИНТ – ЦЕНИТЕ НА СТРУЈАТА СТАБИЛНИ НА БЕРЗИТЕ На HUPX и MEMO над 57 евра за мегават час, објави ЕДС
Во текот на дневните часови, од 9:00 до 15:00 часот, кога производството од фотоволтаици е највисоко (solar peak), цената на HUPX падна до 12,80 евра, а на македонската MEMO берза достигна 10,35 евра за мегават час.
Просечната цена на електричната енергија на берзата HUPX за петок, 30 мај 2025 година, изнесува 57,04 евра за еден мегават час, додека на Македонската берза за електрична енергија – MEMO – цената е речиси идентична и достигна 57,28 евра за мегават час, покажуваат податоците од ЕДС Инфо Поинт.
Во текот на дневните часови, од 9:00 до 15:00 часот, кога производството од фотоволтаици е највисоко (solar peak), цената на HUPX падна до 12,80 евра, а на македонската MEMO берза достигна 10,35 евра за мегават час.
Покрај цените на електричната енергија, беа објавени и пазарните движења на природниот гас. На унгарската берза CEEGEX, гасот се тргува по 40,69 евра, додека според холандскиот индекс TTF Dutch – по 35,23 евра.

Од компанијата ЕДС велат дека редовното следење на цените и состојбите на енергетските пазари може да им помогне и на домаќинствата и на деловните субјекти во поефикасно планирање на потрошувачката.
„Во услови на променлива глобална енергетска динамика, подигнувањето на свеста за рационална потрошувачка и редовно подмирување на обврските е клучно за зачувување на стабилноста на снабдувањето со електрична енергија. Информациите за движењата на цените се значајни алатки што им овозможуваат на потрошувачите да носат попаметни одлуки и да остварат заштеди“, соопштија од ЕДС.
Од компанијата додаваат дека преку вакви извештаи сакаат да овозможат транспарентен увид во енергетскиот пазар и да го поттикнат рационалното трошење и информираното буџетирање.