ЕДНА КРУША, ЕДНА ДУША… Крушите се богати со пектин кој ефикасно го намалува нивото на лошиот холестерол

Секојдневното консумирање на круши помага во постигнување и одржување на здрава телесна тежина, но крушите се препорачуваат и ако имате проблеми со холестерол и висок притисок, запек, за подобaр имунитет. Свежо исцедениот сок од круша пак, се препорачува како најдобар начин за намалување на температурата

709

Крушата е овошје слично по големина на јаболката. За разлика од нив, крушите имаат кора која потешко се чисти.

Најпозната е кинеската круша, која има и најдобри лековити својства.






Присутни се во текот на целата година, а најдобри се оние кои созреваат од крајот на јули до почетокот на февруари, во есенско-зимскиот период.

Луѓето кои јадат по една круша на ден имаат понизок индекс на телесна маса и генерално поздрави навики во исхраната.

Исто така, секојдневното консумирање на круши помага во постигнување и одржување на здрава телесна тежина.

Една студија на американските научници, чии резултати се објавени во списанието Nutrition and Food Science, открива дека е потребна само една круша дневно за да се намали ризикот од дебелина за дури 35%.

Во истражувањето учествувале 24.808 луѓе на возраст над 19 години.

Научниците ги проучувале нивните животни навики, вклучувајќи ги навиките за вежбање и навиките за исхрана, во период од 9 години.

Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини