ЕДИ РАМА НЕЗАКОНСКИ ПОТРОШИЛ 4,2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КОНЦЕРТОТ НА КАЈНЕ ВЕСТ? Кривична пријава за премиерот на Албанија

И покрај осудата и од опозицијата и од граѓанскиот сектор, премиерот Рама тврди дека парите биле „вложување“ за да се избегне срамот за Албанија доколку концертот се откаже.

221

Пратеничката група на опозициската Демократската партија поднесе кривична пријава до Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), против премиерот Еди Рама и министерот за економија, култура и иновации, Бленди Гонџе, во врска со издвоените средства во износ од 4,2 милиони евра, за концертот на Канје Вест во Тирана.

Веста на Фејсбук ја објави координаторот на пратеничката група, Газмент Барди, каде што објави и копија од пријавата поднесена до Специјалното обвинителство.






Според пријавата, Рама и Гонџе се товарат за кривични дела „Злоупотреба на службена должност“ и „Повреда на рамноправноста на учесниците во тендери или јавни аукции“, извршени во соработка.

Таа е поврзана со одлуката на владата да издвои средства за организација на концертот на познатиот американски рапер Канје Вест, кој се одржа во саботата на стадионот „Игл“ во Тирана. Опозицијата претходно се спротивстави на ова финансирање, обвинувајќи за „користење на резервни средства на владата за приватна активност“.

Незадоволство од одлуката на владата изразија и учесниците во протестите што се одржуваат во Тирана, а пред Министерството за култура, несогласување искажаа и група уметници и активисти обвинувајќи дека локалните уметници остануваат меѓу најмалку поддржаните во регионот а „владата одлучила да го финансира концертот на уметник кој неодамна го поддржа нацизмот, антисемитизмот и оправданото ропство“.

И покрај осудата и од опозицијата и граѓанскиот сектор, премиерот Рама беше категоричен дека средства биле „вложување“ за да се избегне срамот за Албанија доколку концертот се откаже. Тој пред концерот го прми Вест во владата, а потоа објави дека на „спектаклот, кој потврдил дека Албанија е безбедна земја, присуствувале над 25 илјади туристи од 80 земји“.

Поврзани содржини